Годинава загинале речиси 57 новинари на службена должност
19.12.2016 13:30
Повеќето од нив животот го загубиле во воени зони, вклучувајќи ги Сирија, Авганистан, Мексико, Ирак и Јемен.

Невладината организација „Репортери без граници“ соопшти дека годинава загинале 57 новинари на службена должност. 53 биле жртви на убиство со предумисла. Повеќето од нив животот го загубиле во воени зони, вклучувајќи ги Сирија, Авганистан, Мексико, Ирак и Јемен.
Првпат на листата се ставени и непрофесионалните новинари, односно блогери и претставници на други професии, кои доставувале информации на медиумите.
Во последната деценија во светот се убиени околу 780 новинари.
