19,2 милиони евра субвенции за сточарите

20.12.2016 09:58

Сточарите следната година ќе добијат 19,2 милиони евра субвенции. Најголем дел е за подршка на добиточниот фонд и за продаденото млеко.

Сточарите со една до 100 крави и следната година ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе од 100 крави, субвенцијата процентуално ќе се намалува.

Дополнителни 1.500 денари ќе добиваат оние кои имаат минимум 30 обележани и евидентирани говеда и не се произведители на млеко.

Субвенцијата се исплаќа и за женските говеда на возраст од 12 до 24 месеци одгледувани до 30 Септември 2017 година.

Остануваат и дополнителните 1.500 денари за добитокот од автохтоната раса Буша, за одгледани и заклани грла говеда во регистрираните кланични капацитети  и 4.000 денари за продадени или заклани телиња.

За предаденто млеко  во  регистрирани преработувачки капацитети субвенцијата останува по 3,5 денари за литар.

 

Методија Трајков