Преку мониторинг на потрошувачката- до заштеди на енергија во фирмите

20.12.2016 14:53

Со употреба на системи за мониторинг, дел од компаниите во Македонија работат на проекти за намалување на потрошувачката на енергија. Со финансиска поддршка на УСАИД, 17 приватни фирми ја зголемија конкурентноста.

Компаниите што имаат инсталиран ситем за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија, заштедуваат и до 20 насто од трошоците. Искустваата од спроведување на проекетот за индустриски менаџмент покажуваат дека инвестицијата се враќа за во рок од една до пет години кај помалите компании, кај поголемите на подолг рок. Тежи од 15 до 45 илјади евра. 17 компании ја реализирале со 50 насто финансиска подршка од УСАИД, добиле, најмногу 20 илјади евра.

„Неефикасното користење на енергијата во македонската индустрија значително влијае на конкурентноста на индустриските производи. Прокетот на УСАИД за индустриски менаџмент ја анализираше потрошувачката на енергија и направи план за нејзино унапредување во индустриските компании во земјава. Врз снова на тоа обезбеди заедничко учество во трошоците за инсталирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во 17-те пилот компании“, вели Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија.

Ефикасното управување со потрошувачката на енергија во индустрискиот сектор ќе ги намали варијации на цените на струјата и завосноста од увоз. Експертите велат- со инсталирани системи за управување менаџментот има увид во потрошувачката и можностите за заштеда.

„Нашите искуства покажуваат дека за воведување на системот компаниите треба да вложат од 15 до 45 илјади долари. Од овие средства 50 отсто или најмногу 20.000 долари на 17 компании им беше дадено од страна на УСАИД за да го имплементираат системот за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија“, посочува Драган Блажев, директор на ПИМ.

Финансиски средства во висина од најмногу 20 илјади евра, досега добиле 17 компании од Македонија кои конкурирале на проектот на УСАИД. Надлежните велат, имаат можности да ги имплементираат решенија во уште 50 приватни фирми.

 

Сузана Фиданска- Стоевска