Почнува зимата
21.12.2016 10:47
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер.

Во 11 часот и 44 минути на северната хемисфера почнува зимата. Истовремено на јужната земјина полутопка ќе почне летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер.
Минималната температура се движи од минус 11 до минус 5, а максималната од 3 до 9 степени.
