ДИК треба да реши дали ќе се преглсува во Теарце

21.12.2016 11:06

Гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на изборна единица влијае на вкупните резултати. Според избирачкиот список на тоа избирачко место се запишани 711 гласачи. Доколку има влијание, прегласувањето ќе биде в недела.

По одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11-ти декември.

Гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на изборна единица влијае на вкупните резултати. Според избирачкиот список на тоа избирачко место се запишани 711 гласачи. Доколку има влијание, прегласувањето ќе биде в недела.

Според добиените гласови на 11-ти декември, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, БЕСА 3, СДСМ 3, Алијанса за албанците и ДПА 2 пратеника.

Управниот суд ја уважи и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на дик да се поништи на гласањето на едно избирачко место во Гостивар. Како неосновани судот одби три тужби на СДСМ, потврдувајќи ги одлуките на ДИК за две избирачки места во општина Теарце и за едно во општина Тетово, сите во шестата изборна едница.