Расте бројот на средношколци што користат седативи
Се зголемува процентот на средношколци кои користат седативи, додека се намалува употребата на тутунот кај оваа категорија. Ова го покажало истражувањето на Институтот за јавно здравје. Речиси 50 проценти од испитаните ученици одговориле дека имале искуство со алкохол, додека 5 проценти користеле марихуана.

Се зголемува бројот на средношколци што користат седативи. Дури 14 проценти од испитаниците одговориле дека тие им биле препишани од лекар, но не е занемарлив процентот кои земале на своја рака- околу 11. Ова го покажало истражувањето на Институтот за јавно здравје направено во училишта во повеќе од 30 населени места. Европскиот просек се движи едвај шест проценти.
Речиси 50 проценти од испитаните ученици одговориле дека имале искуство со алкохол. Во 2015-та година тој процент бил 57, додека во 1999-та година тој процент бил 67. Во Европа употребата на марихуана е 16 проценти. Кај нас 5 проценти од испитаниците се изјасниле дека користеле марихуана. Во последниве години се намалил и процентот на употребата на тутунот.
Истражувањето покажало дека средношколците најголемиот дел од денот го поминуваат пред комјутерот. Се смета дека околу 85 проценти од младите се секојдневно на интернет.
Дијана Ценевска
