Здравство

Сто вработувања идната година во „Филип Втори“

21.12.2016 16:14

Сто вработувања од различни профили ќе има идната година во болницата „Филип Втори“, најави директорот д-р Жан Митрев. Според него, во новиот објект од јуни до сега извршени се 1.500 операции. Воведени се нови дијагностички процедури кои се попрецизни, и со зрачење кое е за 10 пати помало.

Сто нови вработувања во специјалната болница „Филип Втори“ за идната година најави директорот, доктор Жан Митрев. Во новиот објект од јуни досега се извршени 1.500 операции. Воведени се нови дијагностички процедури кои се попрецизни и со зрачење кое е за 10 пати помало. Магнетната резонанца има опција со која може да се испита виталноста на најмалите активности на тумор клетките.

„Најновата технологија нуди многу побрзи испитувања, покомфорни за пациентот, така наречени безшумни. Во однос на перфузија на мозокот, прикажување на нервите на мозочното стебло, перфузија на срце и други органи се од огромно дијагностичко значење и вакви испитувања во регионот досега не се направени“, изјави д- р Жан Митрев, Кардиоваскиларен хирург.

Лекарите применуваат озон терапија во третманот на малигни заболувања со метастази, кома, сепса, мозочен удар и други тешки заболувња која ја имаат малку центри во светот. Доктор Жан Митрев вели дека најголем број од пациентите кои се лекуваат тука се од странство. 

 

 

Андријана Атанасовска