Отворен Центар за поддршка на луѓето со оштетен вид

21.12.2016 16:19

Во Македонија има околу 2.300 луѓе кои имаат оштетен вид. Во Скопје, во просториите на Црвениот крст, е отворен првиот Центар за поддршка на луѓе со оштетен вид во Македонија. Ќе работи секој ден, а во план е слични центри да се отворат и во другите градови.

Отворен првиот Центар за поддршка на луѓето со оштетен вид. Треба да им се обезбеди помош на околу 2.300 луѓе во Македонија кои имаат ваков проблем. Од Националниот сојуз на слепите велат дека вакви центри треба да се отворат и во другите градови.

Во Центарот ќе се организираат работилници за здравствена заштита, образование и психо-социјална едукација. Со слепите лица ќе работат тимови од волонтери на Црвениот крст во соработка со Националниот сојуз на слепите лица во Македонија.

Центарот е финансиран од УСАИД и меѓународната фондација на Лајонс клубовите. Центарот ќе работи од понеделник до петок од 9 до 17 часот.

 

Наташа Гркова- Петрушевска