Шилегов: Граѓаните на Теарце ќе ја верификуваат победата

21.12.2016 16:25

Играта на бројки за нас е небитна, главната порака ја испратија граѓаните, веруваме и токму заради тоа сме овдека на терен, изјави носителот на листата во шестата изборна единица од коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов.

На жителите на Теарце им припадна честа да ја запечатат победата на граѓанска Македонија- изјави носителот на листата во шестата изборна единица од коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов.

„Играта на бројки за нас е небитна, главната порака ја испратија граѓаните, веруваме и токму заради тоа сме овдека на терен, дека граѓаните на Теарце ја препознаа победата, граѓаните на Теарце го гледаат новиот ветер на промени во Република Македонија и само ќе ја верификуваат победата во ова избирачко место“, изјави Шилегов.