Тодоров: Со прегласувањето се прави обид за изборен инженеринг
Едноставна е математиката, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инжинеринг, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека останува на ставот искажан во прогласот на извршниот комитет од саботата. Партијата смета дека со прегласувањето се прави обид за изборен инженеринг и за фалсификување на волјата на граѓаните.
Едноставна е математиката, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инжинеринг за што ќе се таргетираат точно определен број на гласачи преку кој СДСМ ќе се обиде да ја фалсификува волја на сите граѓани која беше дадена на легитимни фер и демократски избори кои се одржаа на 11-ти декември, изјави членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров.
