Доделени наградите за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2016-та
Традиционално, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски им ги врачи признанијата на најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2016 година. Добија парична награда од по 10 илјади денари.

Марјан Димитриевски е најдобар полицаец, Ѕвонко Стојановски е најдобар пожарникар, а Љупчо Велковски најдобар крводарител за годинава што изминува. Сакаме да ги поттикнеме и преостанатите кои ги работат овие професии, но и граѓаните, бидејќи сите се наоѓаме во моменти кога треба да ги покажеме хуманоста, пожртвуваноста и храброста, рече градоначалникот на Скопје, Трајановски.
Наградените го издвоија она што ја одбележало 2016- та во нивната професија. Велат дека оваа награда за нив е мотив да продолжат со хуманоста.
Од Градот Скопје најдобрите во своите професии добија парични награди во вредност од по 10 илјади денари.
Ана Јосифоска- Тодоровска
