Прелиминарна оценка на „МОСТ“ за прегласувањето

26.12.2016 13:11

Нотирана е поднесената кривична пријава за нудење поткуп, по што МВР презело мерки за расчистување на случајот. Самото прегласување минало во мирна атмосфера, со зголемено присуство на полицијата и со 15 минутен прекин поради неработење на УВ ламбите.

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ излезе со прелимининарната оценка за прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце. Оттаму велат дека во периодот од поништувањето на резултатите до прегласувањето, ситуацијата била мирна, без инциденти.

Нотирана е поднесената кривична пријава за нудење поткуп, по што МВР презело мерки за расчистување на случајот. Самото прегласување минало во мирна атмосфера, со зголемено присуство на полицијата и со 15 минутен прекин поради неработење на УВ ламбите.

Во понатамошната постапка на гласање и сумирање на резултатите, не биле забележани нерегуларности. Сепак, општинската изборна комисија се соочила со проблем при составувањето на записникот, поради што доцнеше објавувањето на резултатите, велат од „МОСТ“.

Граѓанската асоцијација „МОСТ“ го следеше прегласувањето со двајца набљудувачи на самото место и 2 мобилни тима.