Студено време, ниски температури и силен ветар
Од североисток се очекува многу студена возушна маса со умерен до засилен ветар, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.

Од денеска се најавува многу студено време со ниски температури. Под влијание на влажен воздушен бран, особено во западните и во северните предели на пониските места ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.
Од североисток се очекува многу студена возушна маса со умерен до засилен ветар, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР. Доцна попладне и во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринската температура. За време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено со температура под минус 10 степени.
