Зимската служба на Град Скопје интензивно расчистува на терен

05.01.2017 11:10

Екипите на градската зимска служба се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и моментално се расчистени и проодни. Во расчистувањето се ангажирани 116 работници со механизација.

Екипите на градската зимска служба се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.