Зголемен буџетот на Детска болница – Козле

05.01.2017 15:13

Детската болница Козле годинава ќе располага со буџет во висина од 126 милиони денари, кој е зголемен од 10 милиони денари споредено со 2016 година.

Набавка на најсовремени ортопедски помагала за примање терапија кај децата со цистична фиброза, како и нови неонатални скринизи за скриени болести кај бебињата, договорија директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, кои денеска ја посетија Детската болница Козле.

По средбата со директорот на Детската болница Козле, Оливер Зафировски, економскиот директор Ријад Алими и менаџерскиот тим на таа јавна здравствена установа, Стефаноски изјави Детската болница Козле годинава ќе располага со буџет во висина од 126 милиони денари, кој е зголемен од 10 милиони денари споредено со 2016 година.

Со новиот буџет, посочи Стефановски, тие скрининзи ќе ги овозможиме и многу побрзо и поефикасно ќе бидат дијагностицирани и детектирани сите деца кои потенцијално може да се разболат од цистична фиброза.

Според него, Детската болнца Козле е еден од најдобрите капитални објекти изградени минатата година во здравствениот сектор во Република Македонија, со што значително се подобрени условите за третман и лекување на децата од целата држава, како и за работа на персоналот во болницата.