Битола подготвена за снежниот бран
Најавата за минус 20 степени не ги плаши битолчани. Велат, во зимите наназад се функционирало и на минус 30. „Водовод“ и „Македонија пат“ - подружница Битола која покрива дури 7 планински превали се подготвени за евентуални интервенции. Се чека снегот.

Најавата за обилни врнежи од снег и пад на температурата до -20 степени битолчани ја примаат како нормална зимска појава. Велат, паметиме зими кога сме функционирале и на околу -30 под нулата.
„Во споредба со другте градови Битола имала секогаш поголеми зими, па ова е нормално, -20 не е нешто непознато“, вели една битолчанка.
„Ова не е ништо, ние сме учени кога вегите ќе ни побелат дури тогаш да речеме дека е навистина студено“, вели една нејзина сограѓанка.
Оптимистички тонови и од најголемата подрушница на Македонија пат која одржува околу 1.400 колиметри магистрални и регионални патишта и седум планински превои. Велат, задачи имаат сите вработени, а во однос на минатите години на повисоко ниво е и техничко-технолошката подготвеност.
„Во моментв имаме над 1.000 тони сол и над 2.000 метри кубни песок рамномерно распоредени низ пунктовите. Исто така располагаме со над 30 камиони опремени со снежен плуг и соларка и десетина товарни возила. Доколку биде потребно ќе вклучуваме и друга тешка механизација“, вели раководителот на битолската подружница на Македонија пат, Веселинчо Спасевски.
Според акциониот план со свои задачи и локалните јавни претпријатија. Од ЈП Водовод апелираат да се заштитат водомерите и бањите каде нема постојано греење.
„Веќе покриваме и за празниците можно е пукање на ПВЦ цевките и некои водомери. Имаме искуство и оваа зима да ја поминеме без поголеми проблеми“, вели директорот на битолски Водовод, Горан Стефановски.
Снегот, освен за децата, добредојден ќе биде за посевите на земјоделците и љубителите на скијањето, кои по сѐ изгледа за викендот ќе го направат Пелистерското сефте.
Стевче Митревски
