Прилеп: Градските власти подготвени за најавениот снег

05.01.2017 15:30

Снегот стигнува во Прилеп, најавите за студот ги натера налдежните да се подготват за зимските предизвици. На превојот Плетвар превентивно се опесочува, има механизација за градските улици, од Водовод се подготверни на повик за дефекти, а граѓаните велат- па зима е.

Снегот полека се заканува во Прилепско. На превојот Плетвар екипите на „Македонија пат, велат, се подготвени. Превентивно, коловозот е опесочен. Има доволно механизација, песок и сол.

Градските власти сметаат дека се подготвени да се фатат во костец со најавениот предизвик.

Ќе се пуштаат чешмите да не замрзнат. Вода за пиење има, иако од прилепски „Водовод“ очекуваат потрошувачката да се зголеми за 30 до 50 насто. Најмногу страдаат водомерите, па треба да се заштитат. Екипите ќе бидат на повик.

Граѓаните подготвени за снег и студ. Велат, разбирливо - зима е. Најавениот студен и снежен викенд не треба да не изненади.

 

Елизабета Митреска