Во зградата на ССМ, собир на четирите грански синдикати
Четирите грански синдикати кои беа исклучени од членство во ССМ се собраа во зградата на синдикатот. Велат дека Живко Митревски, за кого сметаат дека е нелегитимен, се обидел да ги исели од зградата. Побараа од Централниот регистар да ги впише промените во раководството. Митрески, пак, смета дека овие синдикати преку фалсификат се обидуваат да издејствуваат негова смена.

Членовите на четирите грански синдикати тврдат, на огласна табла прочитале известување дека Живко Митревски сака да ги иссели од просториите. Велат спонтано се собрале за да го спречат, најавија дека ќе останат во зградата се додека институциите не си ја завршат својата работа со впишување на промените во раководната структура.
Синдикалците упатија апел до Централниот регистар да ги впише промените во раководството изгласани на 13 ти ноември минатата година што велат се потврдени со решение од Министерството за труд и социјала. Предупредија, постпката да биде завршена за да ситуацијата не ескалира. Го обвинија Митревски дека ја злоупотребува, како што посочија неговата поранешна позиција од која бил разрешен.
Во холот на зградата беа присутни и полициски службеници. Според раководството на гранските синдикати, биле повикани од службата што ги обезбедува просториите.
Според Живко Митревски, тој единствен и легитимен престедател, а зад ова тврдење, вели, стојат 13 грански синдикати. Според Митрески, со насилен упад и фалсификувани исправи се прави обид да се промени легитимното раководство и се манипулира јавноста.
Сузана Фиданска- Стоевска
