Наместо бадникови огнови, дрвата да се донираат
Христијаните кои се водат по Јулијанскиот календар се подготвуваат за прославата на големиот празник Божик. Македонската православна црква апелира – наместо да се палат бадникови огнови, собраните дрва да се донираат, христовото раѓање да се одбележи со присуство на богослужба во црквите. Граѓаните, пак, имаат поделени ставови за ова традиција.

Местото на празнување е во црквата, а не покрај огновите- велат свештениците од МПЦ – Охридска Архиепископија. Посочуваат- оваа година нека биде преодна во начинот на празнување, апелот до верниците е да не палат Бадникови огнови, да ги подарат дрвата.
Граѓаните, пак, со поделени мислења за оваа традиција. За едни, огновите се симбол и повод за собирање, за други пагански обичај. Трети ги поврзуваат со аерозагадувањето.
За оние кои, сепак, ќе се решат да запалат оган, од Противпожарните сојузи апелираат.
Од овој Бадник ќе се пее старата православна песна „Вечниот Бог“, која со благослов на архиепископот, од неколку цркви, ќе се движат поворки со деца кои ќе го најават христовото раѓање.
Ана Јосифоска- Тодоровска
