Иванов треба да го додели мандатот за формирање на новата влада

09.01.2017 10:01

Според бројот на освоените гласови, ВМРО- ДПМНЕ со 455 гласови треба да го добие мандатот. Мандатарот, според Уставот, има рок од 20 дена за формирање влада.

Денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на влада на партијата која освоила најголем број гласови на изборите одржани на 11-ти декември.

Според бројот на освоените гласови, ВМРО- ДПМНЕ со 455 гласови треба да го добие мандатот. Мандатарот, според Уставот, има рок од 20 дена за формирање влада.

Деветтиот собраниски состав беше конституиран лани на 30-ти декември. ВМРО- ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ- 49, ДУИ- 10, движењето БЕСА- 5, Алијансата на албанците- 3 и ДПА- 2 мандата.