Се укинува забраната за тешки товарни возила на Плетвар

09.01.2017 10:17

Забраната за движење на тешки товарни возила има на потегот Маврово-Дебар, како и на патниот правец Прилеп-Витолиште.

Укината е забраната за тешки возила на планинскиот превој Плетвар, известуваат од „Македонија пат“. Има појава на голомразица поради ниските температури.

Врнежи од слаб снег се регистрирани во Крива Паланка. Забраната за движење на тешки товарни возила има на потегот Маврово-Дебар, како и на патниот правец Прилеп-Витолиште.

Поради врнежи од снег се затворени за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, во општина Ранковце.