Сезонски грип: Во Битола по стотина пациенти дневно
Веќе две недели на Инфективното оделение при битолската Клиничка болница се работи со полна пареа. Дневно помош барат над сто пациенти од сите возрасти заболени од сезонскиот грип. Чекалната за прегледи е преполна, а за примање на потребаната терапија се бара кревет повеќе.

Битола зазема високо место на скалата на заболени од сезонски грип. Веќе две недели медицинскиот персонал на Инфективното одделение при Клиничката болница работи без одмор. Дневно, над сто пациенти ја примаат потребнарта терапија.
83- годишниот Ристо Василевски очекува да ја победи вирозата по денешната последна инфузија, за разлика од неговата сограѓанка, Вера Петровска кај која грипот е во почетна фаза.
За медицински преглед се јавуваат лица од сите возрасни категори. Инфектолозите велат дека се работи за пациенти со слични симптоми: покачена температура, мускулно- зглобни болки, малаксаност, кашлица или воспалени дишни патишта.
Пациентите со потешка клиничка слика се хоспитализираат, но во најголем дел се работи за пациенти на кои им се дава само соодветната терапија.
Димитровска вели грипот бара повеќедневна терапија и дека први на удар се блиските средби. Препораката до заболените е да избегнуваат масовни контакти, да мируваат во топла просторија, и да консумираат што повеќе течности, топли напитоци и витамини, како и благовремено да се прима вакцината за заштита од сезонски грип.
Инфектолозите сметаат дека доколку потраат, екстремните минусни температури можат позитивно да влијаат врз намалувањето на сезонскиот грип на сметка на бројот на настинките.
Стевче Митревски
