Сообраќајот во зимски услови, до петок температурите под нулата

10.01.2017 13:03

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Нов снежен бран со многу ниски температури повторно ја зафати Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Ѓавато, Пресека, како и на делницата крак Маврово- Дебар.

Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Студеното време ќе продолжи до четврток, најавуваат синоптичарите. Ќе дува умерен северен ветер. Највисоката температура ќе биде во интервал од минус 10 до минус 3 степени.

Пораст на температурите се очекува од петок, кога се најавуваат нови врнежи од дожд и снег во попладневните часови и во сабота претпладне.