Почина поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог
10.01.2017 15:59
Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави холокаустот.

Поранешниот германски претседател Роман Херцог почина денеска на 82 години. Херцог во 90-тите години на минатиот век инсистираше Германија да спроведе економски реформи, но исто така истакнуваше колку е значајно да не се заборави холокаустот.
Актуелниот германски претседател Јоахим Гаук изјави дека Херцог бил „единствена личност“. Херцог стана претседател на Германија во 1994 година, четири години по обединувањето.
