Ахмети: Сите опции се отворени, можни се и нови избори

11.01.2017 10:28

Тој во интервју за локална телевизија вели дека сите опции се отворени, и дека се можни, вклучувајќи и нови избори, но за тоа мора да се разговара.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека е логично неговата партија да ги почне преговорите за формирање нова влада со победничката партија на изборите за пратеници.

Тој во интервју за локална телевизија вели дека сите опции се отворени, и дека се можни, вклучувајќи и нови избори, но за тоа мора да се разговара.

Ахмети изјави дека платформата на партиите на Албанците во Македонија не е услов за преговори, туку документ кој треба да го спроведува која и да е партија во земјата.