Попоски: Непристојно e премиер или претседател на соседна земја да се меша во внатрешни работи
Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството- смета министерот Попоски...

„Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја, директно се меша во внатрешните работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот“, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.
„Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите“, подвлекува Попоски во соопштението испратено од МНР.
