Сообраќајот во зимски услови, забрана за камиони на неколку патни правци
11.01.2017 10:49
Забрани за движење на тешки товарни возила, и натаму се во сила на потезите Маврово-Дебар, Кочани-Делчево и Берово-Кочани.

Укината е забраната за тешки товарни возила во близината на Дојран, со што, за нив е овозможен сообраќајот кон граничниот премин со Грција.
Забрани за движење на тешки товарни возила, и натаму се во сила на потезите Маврово-Дебар, Кочани-Делчево и Берово-Кочани.
Од Македонија пат и од АМСМ предупредуваат на задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Коловозите се и натаму влажни, наместа има остатоци од снег, што може да предизвика појава на голомразица.
