Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

11.01.2017 10:52

И утре се очекуваат ниски температури до минус 15 степени, нов влажен бран се предвидува за петок...

Најстуден град ноќеска во земјава беше Битола со минус 22 степена. Во Тетово и во Маврово минус 20, во Скопје минус 14, студено беше дури и во Дојран и во Гевгелија со минус 7 целзиусови.

Највисока снежна покривка има во Маврово, околу 70 сантиметри, потоа во Лазарополе половина метар, во Струмица, Битола, Демир Капија и во Штип.

И утре се очекуваат ниски температури до минус 15 степени, нов влажен бран се предвидува за петок, кога се очекуваат и снежни врнежи, што ќе се засилат в сабота.