Метео: Ниски утрински температури
11.01.2017 16:37
Утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а максималните ќе бележат пораст.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време на места со мала облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а максималните ќе бележат пораст.
Позначителен пораст на дневните температури се очекува од петок кога ќе бидеме по влијание на нов влажен бран проследен со врнежи од дожд и од снег.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска