Минусни температури, дел од Македонија во портолакова фаза

12.01.2017 11:36

Изутрината најстудено во Скопје и во Берово со минус 21 степен. До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне од минус 4 до 5 степени.

Снег и студ во Македонија. Дел од земјава е во портокалова фаза поради минусните температури. Изутрината најстудено во Скопје и во Берово со минус 21 степен. До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне од минус 4 до 5 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места дожд и снег. Утринска температура ќе биде од минус 14 до минус 5, а дневна од 2 до 7 степени. Во сабота, слично време.

Преодно стабилизирање се очекува в недела, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата.