Грипот ги зема првите две жртви

12.01.2017 12:39

Две деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, што биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести, ја изгубиле битката со оваа сезонско заболување, информираат од Институтот за јавно здравје.

Грипот ги зема првите жртви. Две деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, што биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести, ја изгубиле битката со оваа сезонско заболување, информираат од Институтот за јавно здравје.

Расте бројот на новозаболени. За една недела се регистрирани над 8 илјади нови случаи. Најмногу болни има во Скопје, Струмица, Битола и во Кавадраци. Од вкупниот број на регистрирани случаи на грип и слични заболувања, најмногу има во декември, нешто повеќе од 15 илјади.

Намалениот број на грипосани во споредба со претходната недела е резултат на почетокот на зимскиот распуст, велат од Институтот за јавно здравје.

Иако тоа може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува зголемениот број на заболени да се одржува и во наредните недели.