Реакција на Ременски за случувањата во ССМ

12.01.2017 12:52

Во дописот до јавноста вели дека Централниот регистар ја бојкотирал постапката, а против директорот и вработени во институцијата има кривични пријави.

Додека беше министер за труд и социјална политика Фросина Ременски ја верификуваше одлуката на 4-те синдикални организации и го впиша Дарко Димовски во синдикалниот регистар.

Во дописот до јавноста вели дека Централниот регистар ја бојкотирал постапката, а против директорот и вработени во институцијата има кривични пријави.

Сега тврди дека Живко Митревски го приватизирал ССМ и противзаконски не им дозволува влез во зградата на 4-те најголеми синдикати.

Од министерот Ибраими бара извинување за искажаните ставови дека биле нарушени човечките односи во министерството, во времето на нејзиното раководење со ресорот.