ССМ: Ременски направи обид за промена на легитимното раководство

12.01.2017 12:55

Поранешната министерка треба да знае дека во државава постои правен систем кој нема да дозволи насилство, упаѓање и запоседнување на зградата на ССМ со помош на луѓе кои не се членови на синдикатите, партиски припадници изнајмени и платени лица да протестираат...

Поранешната техничка министерка Фросина Ташевска-Ременски соочена со повеќе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и пречекорување на овластувањата, без спроведена постапка и процедура, направи обид за промена на легитимното раководство на ССМ и претседателот Митревски, се вели во реакцијата од Синдикатот.

Поранешната министерка треба да знае дека во државава постои правен систем кој нема да дозволи насилство, упаѓање и запоседнување на зградата на ССМ со помош на луѓе кои не се членови на синдикатите, партиски припадници изнајмени и платени лица да протестираат.

ССМ го уверува своето членство дека ќе ги издржи оркестрираните напади и обиди да се сруши еден од најреномираните синдикални сојузи кој остави печат овие неколку години со постигнатите историски резултати, стои во реакцијата.