Вајгл: Изборите не ја решија кризата, треба уште многу да се работи
Иако изборите беа фер и демократски, со мали нерегуларности, тие не ставија крај на двегодишната криза во државата- оценува известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, пратеникот Иво Вајгл.
Резултатите од изборите во Македонија не ги остварија надежите и очекувањата на меѓународната заедница. Иако беа фер и демократски, со мали нерегуларности, тие не ставија крај на двегодишната криза во државата- оценува известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, пратеникот Иво Вајгл.
„Дали изборите ја решија кизата? Очигледно е дека не. Очигледно е дека треба уште многу да се работи, и тоа треба да го сработат македонските политички партии, и македонските политичари. Никој освен нив не може да ја преземе одговорноста за формирање на влада. Знаеме дека кризата оневозможи да се реализираат некои реформи“, рече Вајгл.
Известувачот се воздржа од коментар на соджрината на платформата на партиите од албанскиот блок.
„Тоа за кое сум сигурен дека не е добро, е што таа платформа се создаде надвор од Македонија. Не е добро премиер на соседна држава да ги повикува претседателите на партиите и со нив да создава заедничка платформа. Тоа е двизење на самиот раб на прифатливото“, смета Вајгл.
Вајгл информираше дека во текот на вчерасниот ден е предадена драфт верзијата на извештајот за нашата држава на разгледување на Комисијата за надворешни работи во ЕП, главната расправа ќе се одржи на 24-ти овој месец.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ