Отворен за камиони преминот „Евзони“, на „Дојрани“ трае забраната

12.01.2017 13:24

Во моментов се уште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни моторни возила кои чекаат за влез во Грција.

Грчките погранични органи на граничниот премин „Евзони“ утрово од 9:30 часот почнаа да ги пропуштаат  тешките товарни возила кои чекаа за влез во Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од  лошите временски услови и состојбата на патиштата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се уште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни моторни возила кои чекаат за влез во Грција.

Од МВР информираат дека на граничниот премин „Дојрани“ се уште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.