Вајгл: Не е исклучена можноста за нови избори доколку не се формира влада

16.01.2017 12:32

Известителот во Европскиот Парламент за Македонија, Иво Вајгл, не ја исклучува можноста од нови парламентарни избори доколку не се формира влада. Извештајот за Македонија пред Комисијата за надворешни работи на Европарламентот ќе се разгледува на 24-ти месецов.

Не е исклучена можноста за одржување на нови вонредни парламентарни избори, оценува известувачот за Република Македнија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл. Според него, текот на преговорите се одвива во демократски дух. Во овој момент, не би посветил премногу внимание на веќе дадените изјави од ниту една политичка партија. Сите опции се отворени, и добро е што Уставот на Република Македонија предвидува одреден рок- изјави Вајгл за МТВ.

Но, ако не се формира влада, тогаш ќе мора да се оди на избори. Сепак јас верувам дека ќе се успее да се формира влада. Во интерес на сите страни е да се формира стабилна влада со сигурно мнозинство која ќе работи на својата програма“, нагласува Вајгл.

Во извештајот кој го подготвува за состојбата во нашата држава, а кој ќе биде разгледуван на Комисјата за надворешни работи на Европскиот Парламент, на 24-ти овој месец, тој посебно го акцентира предлогот дека Република Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ, пред решавање на спорот со името со јужниот сосед.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ