Иванов: Неопходна е соработка на македонските безбедносни сили со Египет
Египет, во неговото опкружување има закани од илегална миграција, и нивната армија има иста улога како и нашата која пак, го чува Балканскиот коридор, посочил шефот на државата.

Неопходна е соработка на македонските безбедносни сили со Египет, и нашите армиски сили, која досега е извонредна, оцени претседателот Иванов, кој во Египет учествува на меѓународниот форум посветен на безбедноста.
Египет, во неговото опкружување има закани од илегална миграција, и нивната армија има иста улога како и нашата која пак, го чува Балканскиот коридор, посочил шефот на државата.
„Египет, во неговото опкружување има закани од илегална миграција, нивната армија е на нивната јужна граница, каде милиони луѓе се поттикнати да одат кон Европа. Како што нашата Армија е на нашата јужна граница и го чува коридорот низ долината на реката Вардар, така и нивната армија е во слична позиција. Овие се закани што ќе ги имаме постојано во идните години и затоа е неопходна соработка на безбедносните служби и на армијата, која досега е извонредна“, изјави претседателот Иванов.
Работна посета на Египет Иванов ја оцени како исклучително успешна. Истакна дека целта на ваквите форуми е да се изнаоѓаат заеднички решенија и начини за надминување за предизвиците и спротивставување на заканите на 21 век со кои се соочуваат сите земји во светот.
