Укината забраната за тешки товарни возила на неколку патни правци и превои

16.01.2017 14:12

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува од 13:45 часот, а на патниот правец крак Маврово- Дебар од  13:30 часот, соопшти Македонија пат.

Претходно, во 13:15 часот е укината забраната за камиони и на патниот правец Кичево- Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 10:50 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.

Патниот правец Македонски Брод- село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.