Светска банка: Финансискиот сектор во земјите од Западен Балкан премногу се потпира на банкарски кредити
16.01.2017 14:30
Банкарите од Вашингтон објаснуваат дека 16 проценти од кредитниото портфолио во државите од Западен Балкан е нефункционално.

Финансискиот сектор во земјите од Западен Балкан премногу се потпира на банкарски кредити, што резултира со недоволно развиени пазари на капитал и голем број нефункционални кредити- предупредува Светската банка.
Банкарите од Вашингтон објаснуваат дека 16 проценти од кредитниото портфолио во државите од Западен Балкан е нефункционално.
Во својот последен извештај за финансиските предизвици, светска банка посочува оти е потребно да им се овозможи и на другите финансиски системи балансирано да се развиваат, како на пример берзите и делот на осигурувањето.
