Клиниката за токсикологија доби нови апарати

16.01.2017 14:41

Со неа ќе се овозможи поквалитетно пружање на здравствените услуги што е интенција на секој здравствен систем , велат од раководството на Клиниката за токсикологија.

Нова опрема за Клиниката за токсикологија што ја обезбеди Министерството за здравство во рамките на проектот на набавка на опрема за клиниките, болниците и здравствените домови. Опремата што е вредна околу 180.000 евра се состои од ЕКГ апарати, дефибрилатори и мониторинг систем за следење на состојбата на пациентите.

Со неа ќе се овозможи поквалитетно пружање на здравствените услуги  што е интенција на секој здравствен систем, велат од раководството на Клиниката за токсикологија.

Според економскиот директор на Клиниката за токсикологија, Никола Ташев, новата опрема ќе го зголеми квалитетот и условите за работа.

Д-р Лидија Петковска истакна дека новата опрема најмногу ќе помогне во следењето на пациентите кои се сместени во интензивна нега, како и во работата во амбулантскиот дел - мониторирање на тежок пациент, користење на пулсоксиметрите, новите ЕКГ апарати, нов дефибрилатор, со што ќе им се олесни амбулантското работење и работењето во хоспиталниот дел.