Сообраќајот во зимски услови, по влажни коловози

16.01.2017 15:04

Надлежните препорачуваат внимателно возење, приспособување на брзината според условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.

Во Македонија повторно снег. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, претежно по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, информираат од „Македонија пат“. Екипите на зимската служба на Град Скопје на булеварите и на улиците фрлиле 50 тони сол. За чистење се ангажирани 100 работници и механизација.

Патниот правец Македонски Брод- село Здуње околу кој гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид сообраќај.

Надлежните препорачуваат внимателно возење, приспособување на брзината според условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.