Прилеп: Патиштата проодни, енормна потрошувачка на вода
Во Прилепско нема проблеми во сообраќајот, но затоа има замрзнати и искукани водоводни инсталации. Од прилепски Водовод предупредуваат енормната потрожувачка на вода најверојатно ќе ги активира бунарите.

Новиот снег донесе претпазливост за сообраќајот на Плетвар, а на прилепчани им отежна да ги одмрзнат водомерите и водоводните инсталации.
Сите патишта во Прилепско се проодни и сообраќајот се одвива без застој. На Плетвар имаше, но се укина забраната за тешките товарни возила. Во зависност од снежните врнежи, може да се врати превентивната забрана за шлеперите.
Релативно топлиот викенд не помогна многу, а новиот снег уште помалку за да се одмрзнат 600 водомери и водоводни инсталации. Маки мачат дури и институциите.
Од прилепски Водовод загрижени поради енормната, двојно поголема потрошувачка на вода- преку 450 литри во секунда. „Студенчица“ нема многу вода на располагање. Ќе се активираат бунарите.
Нема зголемување на бројот на заболени од грип. Новата процена ќе стигне со почетокот на второто полугодие.
Елизабета Митреска
