Нов снежен бран, од петок разведрување
Нов снежна прекривка врз Македонија. Дел од споредните улици сѐ уште не се исчистени, а ниските температури се проблем и за водоводната инсталација. Синоптичарите велат дека земјава е под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Нов снежен бран ја зафати земјава. Поголемите булевари се проодни, но тоа не е случај со споредните улици. Паркинзите, тротоарите се со снежна покривка, напати фатална за пешаците.
Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека се подготвени да ја стават на располагање механизацијата на општините кои тоа ќе го побараат од нив.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, велат од „Македонија пат“.
Врнежите од снег ќе продолжат до четвротк, од петок, според најавите се очекува разведрување на времето. Според синоптичарите медитеранскиот циклон ќе донесе поголеми врнежи од снег, а во јужните предели можна е појава на дожд и снег.
За разлика од претходнито поларен бран, овојпат температурите ќе бидат значително повисоки, дневните главно ќе се движат над нулата.
Поради променливото време кое влијае на пукањето на водоводните цевки од јавното претпријатие излегоа со препораки до корисниците.
За оние кои ќе патуваат останува апелот на надлежните за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Фиљана Кока
