Турција ќе апси 243 припадници на војската

18.01.2017 14:38

Официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за државен удар од 15 јули во кој настрадаа 250 луѓе. Чистката на претседателот Ердоган опфати повеќе сектори од општеството.

Турското обвинителство издаде налози за апсење на 243 припадници на војската поради користење на кодираната апликација „Бајлок“ која наводно се употребува од мрежата на имамот Фетула Ѓулен.

Официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за државен удар од 15 јули во кој настрадаа 250 луѓе. Чистката на претседателот Ердоган опфати повеќе сектори од општеството.

Многу војници и офицери побараа спас во европските земји.