Снег, мраз и ветар ја окова Европа

18.01.2017 15:01

Студениот бран што ја зафати Европа од североисток стигна и до Шпанија. Ниски температури и снег погодија областите каде што студеното време е невообичаено како што е островот Мајорка.

Италијанската област Абруцо на Јадранскиот брег поседните денови е погодена од лоши временски услови, со снеги и мраз, поради што ќе се бара од властите во регионот да се прогласи вонредна состојба. Во меѓувреме војската им помага на граѓаните во чистењето на снегот. Реката Пескара се излила од коритото поплавувајќи голем дел од градот. Властите им порачаа на жителите да не ги користат автомобилите. Во меѓувреме, 87.000 жители во Абруцо се уште се без електрична енергија поради ниските температури.

Студениот бран што ја зафати Европа од североисток стигна и до Шпанија. Ниски температури и снег погодија областите каде што студеното време е невообичаено како што е островот Мајорка. Во сите шпански провинции, освен на Канарските острови е воведено портокалово или жолто предупредување за силен ветар, екстремен студ и снег. Во североисточните делови на Шпанија се очекува температурата да се спушти до -12 степени. Наредните денови се очекуваат нови снежни врнежи во југоисточниот дел на Андалузија, Мурсија и Валенсија.

И Хрватска претходните денови ја зафати силно снежно невреме кое ги блокираше улиците и во целост го отсече централниот дел од Далмација. Поради орканските ветрови и снежните наноси биле затворени голем број патни правци, а во прекин биле и траектите и катамаранските линии.

Снежните наноси и ледот кој во последниот удар на зимата ја оковаа Чешка предизвикаа голем број проблеми на североистокот од земјата, до толку што по пет години, на улиците мораше да излезе тешка артилерија, односно стара советска машина, наречена „Рацете на Сталин“. Машината со години ја вози ист човек, а кога за време на најстудените зими и ледени бранови ќе се појави на улиците, кога се останато ќе откаже, го привлекува вниманието на Чесите и на туристите.

 

Марина Автовска