Крушево живее снежна зима

18.01.2017 16:56

Додека прилепчани излегуваат на крај со снегот и дефектите во водоводната мрежа, крушевчани, пак, со поголемо искуство за снежна зима иако поларните температури секаде го земаа данокот. Како се живее во највисокиот град на Балканот? Таму се навестува и нов снег.

Со 30 сантиметри снег во градот и половина метар на падините, највисокиот град на Балканот, Крушево живее снежна зима. Поларните температури достигнаа и минус 24 степени. Сега, времето попушти и иако се најавува нов снег, градот функционира непречено. Магистралниот пат е исчистен, а од комуналните претпријатија велат- има материјал и механизација за одржување на улиците. Вода за пиење има доволно, а студот донесе 30 замрзнати водомери и инсталации.

Граѓаните навикнати на зимските услови. Ги имаат и гостите на скијачките терени.

За справување со снегот, Крушево набави и скип-машина за чистење. Машината е добредојдена и да го скрши мразот во езерото. Таму 20-ина Крушевчани утре, на Водици, ќе го фаќаат крстот.

 

Елизабета Митреска