Забрана за камиони на магистралниот пат Скопје - Долно Блаце
19.01.2017 09:34
Како што соопшти АМСМ, забрани за камиони има и на планиските премини Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и Маврово...
Од осум часот утрово магистралниот пат Скопје - Граничен премин Долно Блаце е затворен за сообраќај на тешки моторни возила.
Како што соопшти АМСМ, забрани за камиони има и на планиските премини Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и Маврово, како и на патниот правец Валандово-Дојран.
