Брисел очекува партнерски односи со новата американска администрација
Официјален Брисел очекува партнерски односи со новата администрација во Вашингтон.

Европската унија се надева на партнерски однос со новата американска администрација, на која како што изјави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини уште во понеделникот, ќе ѝ треба малку време да се прилогоди на новите услови.
„Мислам дека идната американска администрација ќе воспостави односи со ЕУ кои би посакала да биде партнерство. Ова беше и насоката на нашите разговори со потпредседателот Мајк Пенс. Ова се сигналите што ги добиваме, дека постои волја за партнерство и соработка во области во кои имаме заеднички интерес, од борбата против тероризмот, до економскиот раст“, изјави Могерини.
За евроскептицизмот на новиот американски председател Доналд Трамп, Могерини го истакна своето уверување дека ЕУ со 100% сигурност ќе опстане и во иднина.
Германскиот министер за финасии, Волфганг Шојбле за тамошните медиуми истакна дека не очекува Германија и САД да почнат трговска војна, по најавата на новиот претседател на САД за воведување нови царински давачки за германските производители на автомобили. Напротив Шојбле изјави дека САД е исто така потписник на меѓународните договори, на кои Германија ќе инсистира.
Инаугурацијата на Трамп, поздравена од претседателката на десничарскиот Национален Фронт, Мари ле Пен, која истакна дека Трамп може да смета на Франција.
„Се отвара нова ера“, изјави Ле Пен. Според неа, Трамп ќе биде претседател кој е далеку повеќе поподготвен од своите претходници да го прифати принципот на сувернитетот на народите.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
