Почнуваат преговорите за Сирија во Астана
Опозицијата сака да се посвети само на начините за зачувување на краткотрајниот прекин на огнот во земјата, договорен со помош на Русија и Турција и нарушуван најмногу од милициите во Сирија, поддржани од Иран.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура е оптимист во однос на преговорите во Астана.
Опозицијата сака да се посвети само на начините за зачувување на краткотрајниот прекин на огнот во земјата, договорен со помош на Русија и Турција и нарушуван најмногу од милициите во Сирија, поддржани од Иран.
Во преговорите учествуваат владата, опозицијата, Русија, Турција и Иран како гаранти за примирјето, специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и американскиот амбасадор во Казахстан Џорџ Крол, како набљудувач.
