Невреме во јужниот дел на САД, загинаа 18 лица
23.01.2017 10:35
Торнада и бури се регистрирани и во делови од сојузните држави Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида, но нема информација за жртви.

18 лица загинаа во невремето што го зафати јужниот дел на САД. Во Џорџија каде што е прогласена и вонредна состојба настрадаа 14, а четворица во Мисисипи.
Торнада и бури се регистрирани и во делови од сојузните држави Тексас, Алабама, Луизијана и Флорида, но нема информација за жртви.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети федерална помош за три од нив.
